• петок, 08 ноември 2024

Царовска: ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува работи што постојат и права што граѓаните ги имаат

Царовска: ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува работи што постојат и права што граѓаните ги имаат
Скопје, 2 јули 2020 (МИА) - Демагогијата што се обидува да ја наметне ВМРО-ДПМНЕ ги води до контрадикторни ставови во една реченица, од една страна велат ќе го ревидираат Преспанскиот договор, а ведаш потоа дека ни треба датум ЕУ, истакна ностиелката на кандидатската листа во изборната единица 1, потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, во дебатата на ТВ21 Таа додаде дека Преспанскиот договор беше условот за нашата држава стане дел од НАТО и да ја отвори патеката кон ЕУ. - Како е возможно некој да претендира да биде државник, а да не се израдува на ниту еден успех на државата, а имаа можност 12 години да го направат тоа, но наместо тоа ја изолираа државата, ја корумпираа, го запоседнаа судството, истакна Царовска. Таа додаде дека покажавме за три години дека можеме во НАТО, нашиот идентитет останува гарантиран, како македонци со македонски јазик ќе влеземе и ќе бидеме дел од унијата. - Посебно ме вознемирува ВМРО-ДПМНЕ, која како партија не покажува ни почит ни интерес кон другите етнички заедници. Лесно е да зборувате демагошки но јас би ги замолила да кажат колку кандидати за министри имале, за пратеници, за градоначалници и градоначалнички. Ние ги имаме и тоа е праксата и вистината, граѓаните треба да веруваат во тоа што правиме, а не во тоа што зборуваме, порача Царовска. Таа истакна дека врз основа на анализа на програмата на ВМРО-ДПМНЕ се ветуваат работи што постојат и права што граѓаните ги имаат, на пример ратификацијата на Истанбулската конвенција е завршена пред 2 години, веруваат субвенционирање на трошоци за енергија – тоа право веќе постои, ќе ја зголемеле сумата помош за згрижувачки семејства – веќе е 30 проценти зголемена. Царовска во дебатата на ТВ21 меѓу кандидати од изборната единица 1 ги повика граѓаните да не веруваат на она што се зборува, туку на она што се прави и да ги прочитаат програмите, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ сака да ги излаже и се залага за обнова на лагите, режимот, насиството врз студенти и сите граѓани. см/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан