Царината ќе добие 4,8 милиони долари грант од Кореја за управување со ризици
- Царинската управа на Северна Македонија ќе добие 4,8 милиони долари грант од Владата на Република Кореја за воспоставување систем за управување со ризици и податочен склад.

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) - Царинската управа на Северна Македонија ќе добие 4,8 милиони долари грант од Владата на Република Кореја за воспоставување систем за управување со ризици и податочен склад.
Грантот е дел од меморандумот за соработка што денеска треба да го потпишат Царинската управа и Царинската служба на Република Кореја.
Како што е најавено, меморандумот ќе го потпишат директорот на Царината Стефан Богоев и директорот на Бирото за Информатички комуникациски системи при Царинската служба на Република Кореја, Ки Донг Ким. мч/вг/
фото: МИА архива