• вторник, 06 август 2024

Царината заплени патики, рачен алат и цигари

Царината заплени патики, рачен алат и цигари

Скопје, 6 август 2024 (МИА) - За време на продолжениот викенд и во текот на вчерашниот ден царинските службеници спречиле неколку обиди за криумчарење на 62 пара патики, 37 парчиња рачен алат штрафилици, пет парчиња брусалки, седум парчиња батерии со полнач, запленети на влез во државата на граничен премин Табановце.

Царинската управа соопшти дека непријавената стока е пронајдена во патничко моторно возило со странски регистарски таблички. На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, возачот изјавил дека има само лични работи, но при преглед на возилото во багажниот простор, на задните седишта и под нив, во најлонски кеси и торби е пронајдена непријавената стока.Стоката е привремено задржана, а против лицето е поведена прекршочна постапка.

- Дваесет и шест штеки цигари откриени од страна на мобилните царински тимови на влез во државата на граничен премин Богородица, во два одвоени случаи. Во првиот случај откриени се 12 штеки цигари во товарно моторно возило со македонски регистарски таблички. Непријавените цигари се пронајдени во кабината и во надворешниот дел на влекачот од товарното возило. Во вториот случај 14 штеки цигари се откриени исто така во товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, во кабината на влекачот и во странични шуплини од возилото, се наведува во соопштението.

Во двата случаи стоката е задржана, а против возачите е поведена прекршочна постапка.

- Единаесет штеки цигари откриени од страна на царинските службенци на граничен премин Богородица, во патничко моторно возило со македонски регистарски таблички пријавено за влез во државтата. Непријавените цигари биле пронајдени во просторот за багаж во задниот дел од возилото, во просторот околу резервната гума како и на задното седиште од возилото. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена соодветна постапка, информираат од Царинската управа. дма/aa/

Фото: Царинска управа

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан