• вторник, 24 декември 2024

Хјуман рајтс воч: Граничарите на Саудиска Арабија масовно и систематски убиваат мигранти

Хјуман рајтс воч: Граничарите на Саудиска Арабија масовно и систематски убиваат мигранти

Њујорк, 21 август 2023 (МИА) - Во нов извештај меѓународната организација Хјуман рајтс воч (ХРВ) ги обвини граничарите на Саудиска Арабија за масовно убивање мигранти долж границата со Јемен.

Во извештајот се наведува дека стотици луѓе се убиени, претежно Етиопјани кои го минуваат Јемен разурнат од војна за да стигнат до Саудиска Арабија, пишува Би-Би-Си.

Мигрантите тоа го потврдија за Би-Би-Си, велејќи дека и самите биле повредени и биле сведоци на убивање луѓе. Саудиска Арабија претходно ги отфрли обвинувањата за систематски убиства.

Извештајот на ХРВ, насловен „Тие пукаа кон нас со град од куршуми“, содржи експлицитни сведоштва на мигранти кои велат дека саудиската полиција и војници пукале во нив, а понекогаш и фрлале со експлозивни направи.

Мигрантите изјавија за Би-Би-Си за тешките и застрашувачки ноќни обиди да ја преминат границата, вклучувајќи жени и деца. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан