• четврток, 12 март 2026

Хутите до Иран: Ќе ја уништите славата на Америка, историјата ќе сведочи за ова

Хутите до Иран: Ќе ја уништите славата на Америка, историјата ќе сведочи за ова

Сана, 11 март 2026 (МИА) - Портпаролот на јеменските Хути, Јахја Сари, се огласи во врска со конфликтот меѓу Израел и САД со Иран и испрати порака до народот и раководството на Иран дека не смеат да се согласат со условите што ги нуди Вашингтон.

Јахја Сари рече дека е важно Иран да остане обединет.

„Сфатете ја важноста на вашето единство и интегритет. Вашите непријатели се обединети во нивното непријателство кон Иран. Соочете се со американските барања и не ја губете вашата слобода и независност од ционистичкиот режим. Ќе ја уништите славата на Америка“, објасни тој.

Ветувањата на непријателите, како што нагласува, се само илузија.

„Тие не размислуваат за ништо друго освен за уништување на Иран. Единствениот начин да ги победиме е да продолжиме со џихадот, отпорот и конфликтот со трпение и упорност на патот Божји“, рече портпаролот на јеменското движење.

Тој имаше и порака за младите луѓе од Иран. Јахја Сари нагласи дека еден од важните фактори во победата на иранската нација од победата на Исламската револуција до денес е посветеноста на иранскиот народ на верно, храбро и мудро водство.

„Препорачувам иранската младина да ја прочита историјата на Иран. Сè што се случило пред револуцијата и настаните по револуцијата, да ги истражи сите нејзини успеси на сите полиња и да знае дека ветувањата дадени од непријателот се само илузија и измама. Во текот на сите овие четириесет и пет години, тие не мислеле на ништо друго освен на непријателство и уништување“, рече тој. мс/ссм/

фото: Архива

Остани поврзан