Хутите тврдат дека извршиле шест напади врз бродови во изминатите 72 часа
- Јеменските Хути денеска соопштија дека во последните 72 часа извршиле 6 напади со беспилотни летала и проектили врз бродови во Аденскиот Залив и Црвеното Море.

Сана, 26 март 2024 (МИА) - Јеменските Хути денеска соопштија дека во последните 72 часа извршиле шест напади со беспилотни летала и проектили врз бродови во Аденскиот Залив и Црвеното Море.
Хутите ги нападнаа „Маерск Саратога“, „Еј Пи Ел Детроит“, „Хуанг Пу“ и „Прити Лејди“ откако ги идентификуваа како американски или британски бродови, се наведува во изјава на портпаролот на групата Јахја Сарија.
Тој додаде дека групата нападнала и два американски разурнувачи во Црвеното Море, како и израелскиот град Еилат.
Сè уште не е јасно дали некој од бродовите бил погоден од дронови и проектили. рп/
Фото: МИА архива