Хутите нападнаа британски танкер за нафта „Марлин Луанда“ во Аденскиот Залив
- Британската поморска безбедносна компанија „Амбри“ денеска соопшти дека брод што пловел југоисточно од Аденскиот Залив кај Јемен се запалил откако бродот бил погоден од „проектил“.

Лондон, 26 јануари 2024 (МИА) – Британската поморска безбедносна компанија „Амбри“ денеска соопшти дека брод што пловел југоисточно од Аденскиот Залив кај Јемен се запалил откако бродот бил погоден од „проектил“.
Екипажот на бродот е безбеден, додава Амбри.
Јеменските бунтовници Хути денеска соопштија дека нивната морнарица го нападнала британскиот танкер за нафта Марлин Луанда во Аденскиот Залив, предизвикувајќи пожар на бродот. јт/
Фото: Гугл мапи