• вторник, 24 декември 2024

Хутите им наредија на американските и британските државјани да го напуштат Јемен во рок од 30 дена

Хутите им наредија на американските и британските државјани да го напуштат Јемен во рок од 30 дена

Аден, 24 јануари 2024 (МИА) - Јеменските Хути им наредија на американскиот и британскиот персонал на Обединетите нации и хуманитарните организации со седиште во Сана да ја напуштат земјата во рок од еден месец, се наведува во писмото испратено од Министерството за надворешни работи на Хутите до в.д. хуманитарен координатор на ОН во Јемен, Питер Хокинс.

„Министерството сака да нагласи дека мора да ги известите службениците и работниците кои имаат американско и британско државјанство да се подготват да ја напуштат земјата во рок од 30 дена“, се наведува во писмото до Хокинс, пренесуваат британските медиуми.

Во писмото сите странски организации се упатуваат да не ангажираат американски и британски државјани за операциите во Јемен.

Главниот преговарач на Хутите, Мохамед Абдулсалам, ја потврди автентичноста на писмото.

Ваквата одлуката на Хутите уследи по американските и британските напади, поддржани од други нации, врз воени цели на групата, која,пак, почна напади врз комерцијални бродови во Црвеното Море, што на било кој начин се поврзани со Израел, а во знак на солидарност со Палестинците.

Американската администрација од минатата недела Хутите ги врати на листата на терористички групи. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан