Хуманитарна помош за социјално ранливи семејства во Берово
- Хуманитарната организација „Свети Спас”, додели 30 пакети со производи за социјално ранливи семејства во Берово. Целта на оваа акција, како што информираа од општината, е да се поттикне хума

Берово, 18 јули 2021 (МИА) - Хуманитарната организација „Свети Спас”, додели 30 пакети со производи за социјално ранливи семејства во Берово. Целта на оваа акција, како што информираа од општината, е да се поттикне хуманоста и емпатијата во локалната заедница, но и да се помогне онаму каде што е потребно.
-Не може толку лесно да се излезе од прагот на сиромаштија, но барем за момент да направиме некого посреќен и да покажеме внимание. Хуманитарната организација „Свети Спас”, во повеќе наврати помага на социјално ранливи категории на граѓани во Берово и е наш партнер во реализирањето на активности од областа на социјална заштита, истакнаа од Општината.
Локалната самоуправа ќе продолжи да работи на унапредување на социјалната заштита на локално ниво.
-Преку организирање на хуманитарни активности, преку доделување еднократна помош, јакнење на капацитетите на невработените граѓани, усовршување и доедукација, ќе продолжиме да помагаме онаму каде е потребно, со цел социјално-загрозените граѓани да бидат конкурентни и да можат да најдат работа, додадоа од Општината.
Претходно хуманитарната организација „Св.Спас" организираше уште две акции за помош на социјално-загрозените лица од Берово. вс/лв/