• недела, 22 декември 2024

Хуманитарен настан „Небо сино“ во Македонска Каменица

Хуманитарен настан „Небо сино“ во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 28 јули 2022 (МИА) - Во Домот на култура во Македонска Каменица вечерва се одржа хуманитарниот настан „Небо сино“. Собраните средства од настанот како што информираа организаторите ќе бидат наменети за набавка на неопходна опрема за сензорна соба во Дневниот Центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица. - На хуманитарниот концерт што беше поддржан од КИЦ „Романса“ и Општина Македонска Каменица, настапија исклучиво роднокрајни пеачи, фолклористи, децата од Дневниот Центар за посебни потреби заедно со локален бенд. Сите заинтересирани физички лица можеа да донираат на поставените штандови за донации, но секако тоа можат да го сторат и трансакциската сметка 210075797990140 -  НЛБ Банка, истакнаа организаторите. Автентичноста на Ице Бегов, како што додаде претставникот на фондацијата е поттик фондацијата да чекори по патот на мисијата на хуманост, пренесувајки го ведриот дух и добрина која во целост го отсликува неговиот лик. - Фондацијата е основана со цел да врши хуманитарни активности, да дава поддршка и помош преку собирање средства и нивно насочување кон социјално загрозени категории на лица и семејства, маргинализираните групи на граѓани, како и лицата со попреченост, истакнаа од фондацијата. Хуманитарниот настан заврши со доделување благодарници од организаторот до сите учесници. вс/свс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан