• среда, 25 декември 2024

Хуманитарен концерт „Првите 20 во 30“

Хуманитарен концерт „Првите 20 во 30“

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Во Националната опера и балет вечерва ќе се одржи концерт со кој ќе бидат одбележани 30 години од уметничката и педагошка дејност на Ерхан Шукри и 20 години од Гудачкиот камерен оркестар „Арко“. 

Концертот насловен „Првите мои 20 во 30“ има хуманитарен карактер. Парите од купените билети ќе бидат наменети за децата со дијабетис за обезбедување на ленти и глукомери.

Организаторите најавуваат вечер исполнета со многу музика, љубов и хуманост. Ќе бидат отсвирени оперски арии, филмска музика, фламенго, рок, латино, ориентална музика и музика од македонскиот фолклор. 

- Премиерно за прв пат во Македонија истанбулско класично кеменче со харизматичната Нагме Јаркин и панова фрула на атрактивниот Ајдн Јаваш од Турција, одличниот баритон Џемиљ Реџепи од Италија, сопран - романтичната Ивана Здравкова од Австрија, виолинистите Михајло и Момчило Куфојанкис
кралицата на харфата Мерсиха Шукри, виртуозот на мандолина Лазар Сандев, кадифениот вокал на Добрила Грашеска, нашиот маестрален актер Никола Ристановски, мандолински оркестар „Скопје“,
детскиот хор “Св. Кирил и Методиј“ од Велес и специјалниот гостин на концертот маестро Рамадан Шукри, се наведува во објавата за концертот. бак/ац/

 

 

Остани поврзан