• понеделник, 23 декември 2024

Христодулидис позитивно одговори на барањата на ООН за средба со кипарските Турци

Христодулидис позитивно одговори на барањата на ООН за средба со кипарските Турци

Никозија, 3 септември 2024 (МИА) - Кипарскиот претседател Никос Христодулидис изрази подготвеност за тројна средба со генералниот секретар на ООН и со лидерот на кипарските Турци во Њујорк, во рамките на Генералното собрание на ООН, пренесе кипарската новинска агенција КНА, повикувајќи се на неговото излагање при пристигнувањето на Кипарскиот технолошки универзитет во Лимасол, по повод почетокот на новата учебна година.

На прашање за можноста за тројна средба со генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, и лидерот на кипарските Турци, Ерсин Татар, за време на неговата посета на Њујорк, Христодулидис рече дека добил барање од ООН за различни датуми и дека на сите одговорил позитивно, изразувајќи ја својата подготвеност за средба и очекува дополнителни информации.

- Два-три пати ме прашаа за конкретни датуми и јас одговорив позитивно,“нагласи тој. ссм/

фото: архива

Остани поврзан