• среда, 25 декември 2024

ХРВ: Најмалку 180 тела пронајдени во масовни гробници во Буркина Фаса

ХРВ: Најмалку 180 тела пронајдени во масовни гробници во Буркина Фаса
Уагадугу, 8 јули 2020 (МИА) - Најмалку 180 тела се пронајдени во масовни гробници во северниот дел на Буркина Фасо, каде се борат безбедносните сили и џихадистите. најверојатно безбедносните сили најверојатно се одговорни за убиствата,соопшти денеска Хјуман рајс воч (ХРВ). Жртвите, сите мажи се убиени во периодот од ноември 2019 до јуни 2020 година, а нивните тела биле закопани долж главниот автопат, под мостовите и полињата во близина на градот Џибо. Се претоставува дека најголем број од жртвите биле припадници на етничките групи Фулани или Пеул. Мнозинството жртви биле ослепени, со заврзани раце и имале голем број рани од огнено оружје, што упатува дека се работи за масовни убиства. ХРВ бара властите на Буркина Фасо веднаш да откријат кој го претвори Џибо во „поле на смртта“. Етиопискиот министер за одбрана Шериф Мумина Су претходно изјави дека ќе се испита случајот, при тоа додавајќи оти убиствата би можеле да бидат извршени од исламистички терористи кои дејствуваат во регионот. Вооружени исламистички групи, сојузнички на Ал Каеда и на Исламска држава, често ги напаѓаат безбедносните сили и цивилите во Буркина Фасо. Нападите се најинтензивни во регионот Сахел, што граничи со Мали и Нигер. ми/

Остани поврзан