• среда, 20 ноември 2024

Хоџсон не се грижи за враќање на работа

Хоџсон не се грижи за враќање на работа
Лондон, 13 мај 2020 (МИА) - Менаџерот на Кристал Палас изјави дека не е загрижен за враќање на работа доколку Премиер лигата дозволи тренинзи од следната недела. „Немам никакви грижи. Возраста е возраст. Се зависи од тоа како се чувствувате. Возраста понекогаш не е поврзана со вашата физичка состојба, како се чувствувате или колку добро можете да си ја вршите работата. Нема сомнение за мене. Кога ќе ме повикаат на работа, со задоволство ќе се вратам, рече најстариот менаџер во Премиер лигата, кој има 72 години. Претседателот на Кристал Палас, Стив Париш изјави дека нема проблем ако некој играч не сака да се врати додека не биде целосно безбеден. - Ќе биде прашање за сите индивидуално и за клубот. Јас би бил многу изненаден познавајќи го клубот и Стив Париш, ако не пристапат со разбирање, рече Хоџсон.

Тагови

Остани поврзан