• понеделник, 22 јули 2024

Хоџсон се врати на клупата на Кристал Палас

Хоџсон се врати на клупата на Кристал Палас

Лондон, 21 март 2023 (МИА) – Искусниот англиски фудбалски стратег Рој Хоџсон (75) ќе седи на клупата на Кристал Палас до крајот на сезоната на местото на Французинот Патрик Виеира, кој изминатиот викенд доби отказ, објави денеска лондонскиот прволигаш.

Хоџсон се враќа во клубот каде ја почна својата кариера како фудбалер, а го предводеше клубот од клупата во периодот од септември 2017 до мај 2021 година.

„Привилегија е да бидам замолен да се вратам во клубот кој толку многу ми значи и да добијам важна задача да ги одведам работите во подобар правец. Нашата единствена цел е да почнеме да победуваме и да освојуваме бодови кои ни се потребни за да обезбедиме опстанок во Премиер лигата“, изјави поранешниот англиски селектор.

Кристал Палас е во серија од четири порази, а нема победа во последните 12 кола во Премиер лигата. ег /сд/

Остани поврзан