• петок, 26 јули 2024

Хот пред финалето со Чешка: Не застануваме тука, одиме по пехарот

Хот пред финалето со Чешка: Не застануваме тука, одиме по пехарот

Скопје, 16 јули 2023 (МИА) - Амар Хот пред вечерашното финале со Чешка на Европското првенство дивизија-Б за кошаркари до 20 години, верува дека македонската репрезентација има сили да го освои трофејот.

 

- Влеговме во А-дивизијата, но тука не застануваме, одиме по пехарот. Се надевам дека тој ќе заврши таму каде што припаѓа. Ја повикувам цела нација, сите да дојдат да нè поддржат. Македонија има генерации и генерации фантастични кошаркари. Треба да продолжиме по истиот пат... Верувам дека ќе бидеме достојни наследници на Перо Антиќ, Војдан и Дамјан Стојановски, изјави Хот.

 

Финалето е закажано за вечер во 21 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

 

Двете репрезентации беа дел од групата „А“. Во меѓусебниот дуел во групната фаза Чешка победи со 80:75. зс/

Остани поврзан