• понеделник, 23 декември 2024

Хортикултурно се уредува покриениот канал во Струмица, несовесни граѓани ги крадат новозасадените дрвца

Хортикултурно се уредува покриениот канал во Струмица, несовесни граѓани ги крадат новозасадените дрвца

Струмица, 27 февруари 2024 (МИА) - Струмичкото комунално претпријатие почна со хортикултурно уредување на шеталиштето од покриениот канал „Крушевска Република“, но несовесни граѓани веќе украле десетина новозасадени дрвца.

Како што информираат од ЈПКД „Комуналец“, по само неколку денови од почетокот на уредувањето се украдени десетина дрвца.

-Благодарение на совесни граѓани добивме и видео снимки од нивните камери и јасно се гледа како се уништува и краде тоа што е направено. ЈПКД „Комуналец“ ќе ја санира штетата, ќе посее нови дрвца и ке го уреди оваа шеталиште. Ги охрабруваме сите совесни граѓани да снимат, фотографираат и анонимно пријавуваат вакви и слични постапки на поединци за да покренеме понатамошни постапки, стои во соопштението на комуналното претпријатие.

Инаку, покрај покривањето на каналот, Општината ги реконструраше и двете улици покрај него за кои се потрошени 19 милиони денари. Покривањето и реконструкцијата на делот од најголемиот отворен канал во Струмица-Поројот „Крушевска Република“ заврши пред две години, а за овој зафат се потрошија околу 36 милиони денари, обезбедени од општинската каса. рт/дма/

Фото: ЈПКД „Комуналец“ Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан