• вторник, 24 декември 2024

Хонда ја напушта Ф1 по 2021 година

Хонда ја напушта Ф1 по 2021 година
Милтон Кинс, 2 октомври 2020 (МИА) - Јапонскиот производител Хонда денеска објави дека повеќе нема да учествува во Формула 1 по 2021 година. Ова може да биде голем проблем за Ред Бул кој ги користи агрегатите на оваа фабрика. Јапонскиот производител се врати во Формула 1 во 2019 година кога потпиша договор со Ред Бул. Само тој тим го снабдуваше со своите погонски единици, како и Торо Росо, односно Алфа Таури како што тимот се вика од 2020 година. Сепак, по следната сезона, Јапонците ќе ја напуштат Формула 1. Оваа одлука ја донесе Хонда откако не направи болид заедно со Ред Бул кој ќе се бори за титулата. Хонда имаше победи во својата прва сезона во Ред Бул во Австрија, Германија и Бразил, додека во 2020 година, Мек Верстапен славеше на „Силверстоун“, а Пјер Гасли сосема неочекувано на „Монца“. Сепак, Хонда, и покрај ветувачкиот старт, не сака да остане во Формула 1 поради зголемените трошоци. - Почнавме да пресметуваме колку ќе не чини Формула 1 со новите правила. Тешко е за сите производители на автомобили, бидејќи сè оди кон електрификација. Затоа разговаравме во рамките на компанијата, а нашиот прв приоритет е да победуваме. Кога ќе одлучиме да учествуваме, сакаме да победуваме. изјави извршниот директор на Хонда, Масаши Јамамото минатата година кога имаше први знаци на незадоволство од јапонскиот производител. Ред Бул сега може да биде во неволја, затоа што ќе треба да најде нов снабдувач на генератори за 2022 година. Досега Ред Бул имаше успех со Рено, но таа соработка заврши по 11 сезони во 2018 година. Пред тоа, Ред Бул ги користеше единиците на Косворт во 2005 година, односно Ферари една година подоцна.

Тагови

Остани поврзан