• сабота, 23 ноември 2024

Хонг Конг: 14 месеци затвор поради протестен слоган на маица

Хонг Конг: 14 месеци затвор поради протестен слоган на маица

Хонг Конг, 19 септември 2024 (МИА) - Во Хонг Конг денеска беше изречена првата пресуда по новиот строг закон за национална безбедност – дваесет и седумгодишниот Чу Кај-понг е осуден на 14 месеци затвор поради носење маица со протестен слоган.

Тој беше обвинет за извршување на дело со бунтовничка намера, а казната е изречена поради тоа што на 12 јуни оваа година носел маица со натпис „Ослободете го Хонг Конг, револуција на нашето време“. Овој слоган беше популарен на антивладините протести во 2019 година.

Властите тврдат дека слоганот имплицира отцепување на Хонг Конг од Кина, што е црвена линија за Пекинг.

Обвинителството го обвини Чу за ширење омраза и незадоволство кон уставниот поредок. Судот нагласи дека ова е вторпат Чу да биде осуден поради вакво дело оваа година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан