• вторник, 24 декември 2024

Холштајн: Северна Македонија одамна е подготвена за почеток на преговорите, но патот е долг

Холштајн: Северна Македонија одамна е подготвена за почеток на преговорите, но патот е долг
Скопје, 24 февруари 2022 (МИА) - Северна Македонија веќе одамна е подготвена за почеток на преговори, но патот до членството е сè уште долг. Јас го гледам како позитивно тоа што висок процент од граѓаните не гледаат друга иднина, освен иднината во рамките на ЕУ, истакна денеска германската амбасадорка во државава Анке Холштајн пред презентацијата на резултатите од „Анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014 – 2021)“. Холнштајн подвлече дека има голем континуитет во однос на проширувањето и оти Европската Унија се држи кон она што го кажа во март 2020 година, односно за отпочнување пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, чии патишта, рече таа, се отворени. Што се однесува до новата германска Влада, додаде Холштајн, таа првпат има посебен параграф за Западен Балкан и го споменува пристапувањето во првото поглавје во однос на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија.Се согласувам со тоа дека овој регион е дел од Европа и треба под покривот на ЕУ еден ден да станеме уште поблиски и позбиени. Патот кон тоа не е краток. Ниедна земја која што не е доволно подготвена нема да добие никаква корист од членството. Многу работи мора да се направат. Целосен премин на законодавството на земјата во рамките на законодавството на ЕУ, тој комплет на закони и регулативи на ЕУ, не знам колку е голем, но е значителен и постојано расте. И тоа треба да се направи. Значи, треба во многу области да има договори. Земја која што сака да биде членка мора да биде и подготвена да ги издржи и пазарните притисоци на ЕУ. Таа смета дека треба да се работи повеќе на политичката едукација, да се објаснува што значи членството и што треба да се направи и оти да се стане членка бара време, а тоа главно ќе зависи од Северна Македонија преку продолжување на реформските процеси и колку побрзо тоа се одвива толку побрзо ќе може да се оствари и процесот на пристапување.   Коментирајќи ги резултатите од истражувањето, Холштајн рече дека е многу корисно да се види развојот на перцепцијата за процесот на пристапување со еден ист метод со текот на годините. - Исходот ќе се дискутира во детали, има доста негативни елементи - да, но она што мене најмногу ми го привлече вниманието е дека пат-позицијата во пристапниот процес не влијаела во значителна мерка на поддршката за членство во ЕУ како таква. Друг елемент којшто исто така ми го привлече вниманието, за тоа подоцна ќе зборуваме подетално, е дека 40 проценти од луѓето сметаат дека земјата е спремна за пристапување кон ЕУ што покажува значителен степен на недостиг на знаење, рече таа. Холштајн нагласи оти земјите членки на ЕУ сфатиле дека мора да бидат заедно и многу погласно да ја истакнуваат потребата за отворање на пристапниот процес за Северна Македонија и Албанија. - Многу земји членки се потребни да можат да се придвижат работите на овој план. Земјите членки исто така согледаа колкава штета е направена кон Северна Македонија кон нејзините реформски процеси, кон процесот на пристапување во регионот, кон репутацијата на ЕУ во регионот и на ЕУ како таква, додаде германската амбасадорка.   Според неа, најнов елемент сега е тоа што во Бугарија има премиер којшто е активен и искажува посветеност да може да се ослободи патот на Северна Македонија кој пристапување во ЕУ. - Ова значи значителен предизвик, но се чини можен. Тука ја имавме посетата на бугарскиот премиер во Скопје, потоа меѓувладиниот состанок во Софија, работата на работните групи една широка конструктивна агенда која треба да донесе опипливи резултати за граѓаните и да ги придобие повторно мислите и срцата на луѓето. Има разговори меѓу двете министерства за надворешни работи, тие работат кон оформување на рамката за преговорите за пристапување, има цврсти црвени линии за Бугарија, има исто така и црвени линии и за Македонија, додаде амбасадорката. нд/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан