• вторник, 24 декември 2024

Ховениер: САД ќе преземат акција откако ќе се утврди одговорноста за Бањска

Ховениер: САД ќе преземат акција откако ќе се утврди одговорноста за Бањска

Приштина, 13 октомври 2023 (МИА) - Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, изјави дека САД „ќе преземат акција“ кога ќе се утврди „кој стои зад нападот“ во градот Бањска на северот на Косово на 24 септември.

Ховениер тврди дека оружјето што го имале напаѓачите не можело да се купи на локалниот пазар. Во интервју за Гласот на Америка, тој го повтори барањето Србија да соработува за „целосно расветлување на настаните и изведување на сторителите пред лицето на правдата“.

Ситуацијата на северот на Косово ја оцени како „кревка“ по настаните во Бањска. „Ние сè уште сме загрижени за безбедносната ситуација, а САД и нашите партнери презедоа чекори, бидејќи бевме длабоко загрижени за она што се случи во Бањска и за безбедносната ситуација на север“, рече Ховениер.

Тој потсети на зборовите на командантот на заедничките сили на НАТО со седиште во Неапол, Стјуарт Мунк, дека од 24 септември КФОР тројно го зголемил бројот на своите сили на Косово.

„НАТО одлучи значително да го зголеми бројот на силите на КФОР. Ние го сфаќаме ова сериозно. Сегашната ситуација би ја опишал како кревка, но и помирна“, изјави американскиот амбасадор во Приштина. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан