• вторник, 24 декември 2024

Хоакин Феникс продуцира црно-бел нем филм за заштита на животните

Хоакин Феникс продуцира црно-бел нем филм за заштита на животните
Лос Анџелес, 4 март 2020 (МИА) - „Гунда” е засега последниот црно-бел документарен проект, снимен како порака кон целото човештво. Режисерот на документарни филмови, Виктор Косаковски стои зад проектот. Филмот е прикажан од гледна точка на неколку домашни животни што живеат на фарма и како тие се експлоатираат од луѓето. Во видеото нема музика и дијалози... Поточно, има, но не се разбираат оти се работи за нем филм, додека приказната се сосредоточува на прасето Гунда. Еден од извршните продуценти на документарецот е Хоакин Феникс, познат со љубовта кон животните, особено по својот говор примајќи го оскарот за најдобар глумец. Филмот беше претставен на годинешниот филмски фестивал во Берлин. си/сд/

Остани поврзан