• сабота, 28 декември 2024

Хисени – Ховениер: Косовско-српското статус-кво во преговорите е во интерес на Русија

Хисени – Ховениер: Косовско-српското статус-кво во преговорите е во интерес на Русија

Приштина, 29 април 2022 (МИА) – Поранешниот министер за надворешни работи и главен преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Скендер Хисени изјави дека актуелното сатус-кво во преговорите меѓу двете држави е спротивно на долгорочните интереси на Косово и е во полза на Русија, јави дописникот на МИА од Приштина.

По денешната средба со амбасадорот на САД во Косово, Џеф Ховениер, Хисени на својата страница на Фејсбук напиша дека „дијалогот со Србија и потполното нормализирање на меѓудржавните односи со меѓусебно признавање претставуваат врвен приоритет и неопходност за Косово“.

- Секое одолговлекување на дијалогот и договорот со Србија, како и задржувањето на статус-квото е во интерес на Русија и тоа е точката околу која имавме целосна согласност со амбасадорот Ховениер, напиша Хисени.

Поранешниот министер за надворешни работи на Косово објави дека бил поканет на ручек од американскиот амбасадор, со кого имал „отворен и содржаен разговор за актуелниот момент во регионот, со акцент на случувањата во Косово и неопходноста од забрзување на дијалогот со Србија“.

- Со амбасадарот Ховениер во целост се согласивме дека статус-квото е против долгорочните интереси на Косово, напиша Хисени.

Остани поврзан