Хилари Клинтон ја поддржа Сана Марин со слика од себе каде танцува
- Така, Хилари им се придружи на бројните жени од Финска, но и од цел свет, кои на интернет-просторот споделуваа свои видеоснимки и слики како се забавуваат - во знак на поддршка.

Вашингтон, 29 август 2022 (МИА) - Американската политичарка Хилари Клинтон јавно ѝ изрази поддршка на финската премиерка Сана Марин, која беше снимена како танцува и рапува на забава.
Во својата Твитер-објава, до фотографијата од себе, Клинтон се осврна на славната глумица Џинџер Роџерс и цитат на Ен Ричардс - гувернерка на американската сојузна држава Тексас од 1991 до 1995 година. Инаку, Ричардс беше првата жена на таа позиција. Така, Хилари им се придружи на бројните жени од Финска, но и од цел свет, кои на интернет-просторот споделуваа свои видеоснимки и слики како се забавуваат - во знак на поддршка.