• среда, 27 ноември 2024

Хилари Клинтон нема повторно да се кандидира за претседател на САД

Хилари Клинтон нема повторно да се кандидира за претседател на САД
Вашингтон, 7 септември 2022 (МИА) – Поранешната државна секретарка и кандидатка за претседател на САД Хилари Клинтон (74) изјави дека повеќе нема да се кандидира за претседател. - Не, нема да се кандидирам. Но, ќе направам сè што можам за да имам претседател кој ја почитува нашата демократија, владеењето на правото и нашите институции, изјави таа за Си-Би-Ес. Таа додаде дека Трамп не спаѓа во категоријата претседател што таа би ја поддржала и оти треба да биде „сериозно поразен“ доколку повторно се кандидира. – Тој процес треба да започне во Републиканската партија. Покажете карактер, спротивставете му се на овој човек, рече Клинтон. Трамп, кој ја победи Клинтон на претседателските избори во 2016 година, најави дека би можел повторно да се кандидира во 2024 година, а анкетите покажуваат дека има добри шанси да биде републикански кандидат. јт/

Остани поврзан