• среда, 28 август 2024

Хилари Клинтон: Бајден е вистинскиот човек за ова време

Хилари Клинтон: Бајден е вистинскиот човек за ова време
Вашингтон, 20 јануари 2021 (МИА) - Поранешната американска државна секретарка и претседателски кандидат на Демократската партија на изборите во 2016 година, Хилари Клинтон, оцени дека Џо Бајден е „создаден за овој момент на историјата“. -Мислам дека овој момент и Бајден се создадени еден за друг. Се чувствувам лесно и благодарно што можевме да присуствуваме на трансферот на политичка моќ на мирен начин. Тоа е многу важно, затоа што само пред две недели во Капитол имаше разбојници и терористи кои се обидоа да ја запрат демократијата. Денеска моето срце е на место, рече Клинтон, пренесена од Си-Ен-Ен. сд/

Остани поврзан