• сабота, 23 ноември 2024

Хилари Даф добила очна инфекција од честите корона-тестови

Хилари Даф добила очна инфекција од честите корона-тестови
Лос Анџелес, 5 јануари 2021 (МИА) - Американската глумица Хилари Даф им соопшти на следачите дека добила очна инфекција и дека, наводно, тоа е последица од честите корона-тестови. - Тогаш моето око почна да изгледа чудно... И ме болеше... Многу. Паа... Направив мало „патување“ до амбулантата, па испадна дека инфекцијата на окото ми е од сите овие тестови за Ковид-19 на работа... Знаете - 2020 година и сѐ што таа донесе, напиша Даф. Потоа додаде дека зела антибиотици и оти сега сѐ в ред. Даф притоа објави и слика со двегодишната ќерка.  си/ми/

Остани поврзан