• сабота, 23 ноември 2024

Хехт: ИДФ се подготвуваат за копнена офанзива во Газа, но се уште нема политичка одлука

Хехт: ИДФ се подготвуваат за копнена офанзива во Газа, но се уште нема политичка одлука

Тел Авив, 12 октомври 2023 (МИА) - Потполковник Ричард Хехт, портпарол на израелската војска, денеска нагласи ддека силите „се подготвуваат за копнен маневар доколку биде одлучено“, но дека политичкото раководство се уште не наредило таков чекор.

Западните медиуми јавуваат дека копнена офанзива во Газа, прва од 2014 г. војна, најверојатно ќе донесе уште поголеми жртви на двете страни во бруталните борби од куќа до куќа.

Милитантите на Хамас испукаа денеска голем број ракети кон Тел Авив како одговор на израелските воздушни напади што беа насочени кон „цивилите“ во два бегалски кампа во Газа, соопшти групата. 

„Бригадите Езедин ал-Касам истрелаа ракети кон Тел Авив како одговор на (израелските напади) насочени кон цивилите во камповите Ал-Шати и Џабалија“, наведе Хамас, повикувајќи се на своето вооружено крило, во СМС порака испратена до новинарите. 

Западни медиуми јавија за десетици воздушни напади во текот на 30 минути во правец на кампот Ал-Шати и на северот на блокираниот појас.

Израелската војска денеска соопшти дека нема да го објави бројот на пресретнувања на палестински ракети што ги изврши во војната во Газа, наведувајќи ја загриженоста дека таквите информации ќе му помогнат на Хамас. 

„Нема да му го кажеме на непријателот бројот на нашите пресретнувања“, наведе портпаролот Хехт. сд/

Остани поврзан