Хертс прогласен за МВП на Суперболот
- Квотербекот на Филаделфија Иглс, Џејлен Хертс, е прогласен за најдобар играч на Супербол.

Њу Орлеанс, 10 февруари 2025 (МИА) – Квотербекот на Филаделфија Иглс, Џејлен Хертс, е прогласен за најдобар играч на Супербол.
Филаделфија го доби финалето против Канзас Сити Чифс со 40:22 и ја освои својата втора титула.
Дваесет и шестгодишниот Американец постигна два тачдаун и освои 221 јарди.
Првиот трофеј Филаделфија го освои по триумфот во финалето на НФЛ сезоната 2016/17. зс/
Фото: ЕПА