• понеделник, 18 ноември 2024

Херта мина 100 милиони евра за трансфери

Херта мина 100 милиони евра за трансфери
Берлин, 31 јануари 2020 (МИА) - Херта (Берлин) потврди денес две зделки - една влезна и една излезна. „Старата дама“ се засили со Матеус Куња од РБ (Лајпциг), а во исто време се раздели со Дејви Зелке, кој се враќа во Вердер (Бремен). За Бразилецот Куња ќе платат од 15-20 милиони евра, додека Зелке оди во Бремен со задолжителна откупна клаузула летото 2021 година. За Херта, ова е трет нов играч во последните неколку дена. Екипата на Јирген Клинсман веќе ги однесе Лука Тусар од Лион и Кшиштоф Пјатек од Милано за вкупно 52 милиони евра. Непосредно пред тоа, клубот му плати и на Штутгарт 11 милиони евра за Сантијаго Аскасибар. Во текот на летото, Херта даде за Доди Лукебакио 20 милиони евра - рекорден трансфер за клубот во тоа време, со што веќе надмина 100 милиони евра за нови играчи. Дваесет-годишниот Куња игра како крилен играч и има сезона и пол зад грбот во Бундеслигата. Неговиот настап во Бундеслигата не е толку импресивен, но од друга страна го привлече вниманието кон себе лани кога забележа 6 гола на 12 натпревари за Лајпциг на евро турнирите. Тој е дете на Коритиба, а во Европа дебитираше за швајцарски Сион, каде се запиша 10 пати на 33 натпревари во текот на сезоната 2017/2018. Веднаш потоа, РБ Лајпциг плати околу 15 милиони за неговите услуги.

Остани поврзан