• понеделник, 23 декември 2024

Херта го бара Ковач за тренерската позиција

Херта го бара Ковач за тренерската позиција
Берлин, 13 февруари 2020 (МИА) - Поранешниот тренер на Баерн, Нико Ковач, може повторно да добие работа во Бундеслигата. Пред два дена Јирген Клинсман поднесе оставка на тренерската позиција во Херта. До крајот на сезоната екипата ќе ја предводи Александар Нури. Во текот на летото, Херта сака да назначи нов тренер. Ковач е на врвот на списокот на приоритетни кандидати за клубот. Четириесет и осумгодишниот Хрват е роден во Берлин. Играше за Херта во 1991-1996 и 2003-2006 година. зс/

Остани поврзан