• сабота, 23 ноември 2024

Хелсиншки комитет организира настан за состојбата со говорот на омраза

Хелсиншки комитет организира настан за состојбата со говорот на омраза

Скопје, 22 декември 2023 (МИА) – Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска ќе одржи јавен настан за состојбата со говорот на омраза во Република Северна Македонија. 

На настанот што ќе се одржи во хотелот „Сити Парк“ со почеток од 11:30 часот воведно обраќање ќе имаат Славица Анастасовска од Хелсиншки комитет за човекови права, Мери Јордановска од Совет за етика во медиумите, Игор Јадровски од Комисија за спречување и заштита од дискриминација и Александар Марковски од Јавно обвинителство. Модераторка на настанот е Уранија Пировска од Хелсиншки комитет за човекови права

Од Комитетот велат дека говорот на омраза како малигна општествена појава е мошне присутен во јавниот дискурс во Република Северна Македонија, а постојаното видоизменување на оваа појава и проникнувањето во бројните сфери од општествениот живот бараат адекватно приспособување, како на правниот систем така и при реакциите од страна на институциите. 

Настанот е во рамките на проектот „Унапредување на заштитните механизми за бесплатна правна помош и говор на омраза во Република Северна Македонија“ поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија. ар/лв/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан