• сабота, 23 ноември 2024

Хелез: БиХ сигурно ќе стане членка на НАТО

Хелез: БиХ сигурно ќе стане членка на НАТО

Сараево, 7 април 2023 (МИА) - Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез изјави дека неговата земја сигурно ќе стане членка на НАТО, а политичарите кои не го сакаат тоа нема да можат да го блокираат тој процес.

Toj во интервју за сараевскиот весник „Ослобоѓење“ истакна дека во НАТО постои цврста одлука БиХ да стане членка.

- Луѓето од НАТО се подготвени да и помогнат на БиХ да биде прифатена во Алијансата што е можно поскоро. Овие политичари кои се повлекуваат на страна, кои имаат негативна реторика, нема да бараат многу. Тие можат само да зборуваат, а ние си ја работиме нашата работа и БиХ ќе биде членка на НАТО. Наведе Хелез.

Тој додаде дека новата Влада во БиХ е подготвена да го зајакне одбранбениот сектор, а како доказ го понуди фактот што првпат по неколку години, во буџетот за 2023 година се зголемуваат средствата за армијата и е предвидена сума од околу 45 милиони евра.

Досега, на зголемувањето на одбранбените распределби остро се спротивставија политичарите од Република Српска, а претседателот на тој ентитет, Милорад Додик е најгласниот противник на каков било пристап на БиХ кон членството во НАТО.

БиХ моментално е во статус на држава која е одобрена за Акцискиот план за членство во Алијансата, но освен обврската за поднесување годишни планови за реформи и нивна имплементација, не е поставена временска рамка во која тоа би довело до целосна членство. ми/

фото: Википедија

Остани поврзан