• понеделник, 16 декември 2024

Хезоња на крајот на сезоната го напушта Реал

Хезоња на крајот на сезоната го напушта Реал

 

Мадрид, 12 март 2024 (МИА) – Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња ќе ги напушти редовите на мадридски Реал на крајот на актуелната сезона, пренесува денеска весникот Марка.

Шпанските медиуми наведуваат дека договорот на Хезоња истекува на крајот на оваа сезона, а челниците на Реал не се подготвени да одговорат на финансиските барања на хрватскиот репрезентативец.

За услугите на Хезоња интерес покажува грчки Панатинаикос.

Според Марка, грчкиот клуб, наводно, му понудил на Хезоња шест милиони евра за тригодишен договор. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан