• недела, 05 јануари 2025

Хезболах ќе соработува со либанската влада во распоредувањето војска во јужен Либан

Хезболах ќе соработува со либанската влада во распоредувањето војска во јужен Либан

Бејрут, 27 ноември 2024 (МИА) - Либанското шиитско движење „Хезболах“ ќе соработува со либанската влада во распоредувањето на војската во јужните региони на Либан, кои се блиску до границата со Израел, изјави денеска пратеник на шиитското движење, цитиран од француските медиуми.

Хезболах уверува дека нема „видливо оружје“ или „бази“ во овие области.

Пратеникот Хасан Фадлала изјави дека Хезболах целосно соработува со државата за распоредување на засилувања на либанската армија во јужен Либан.

-Нема да има никаков проблем, истакна Фадлала, нагласувајќи дека Отпорот нема бази и видливо оружје во регионот бидејќи „овој Отпор (. . .) не е редовна армија“.

Во текот на денот либанската армија соопшти дека го зголемува своето присуство во јужен Либан.сд/

Остани поврзан