• среда, 02 октомври 2024

Хезболах утринава истрела околу 50 ракети кон северен Израел, погодена касарна

Хезболах утринава истрела околу 50 ракети кон северен Израел, погодена касарна

Тел Авив, 2 октомври 2024 (МИА) – Либански Хезболах утринава соопшти дека извршил серија напади врз Израел, вклучително и ракетен напад врз израелска касарна.

ИДФ соопшти дека утринава од Либан кон северен Израел се лансирани околу 50 ракети.

Поради истреланите ракети во градовите во горниот и западниот дел на Галилеја се слушаат сирени за предупредување од напад, а засега нема информации за повредени.

Во три напади што се случија помеѓу 7:15 и 7:20 часот по локално време, проектили ги погодија израелските сили собрани во населбите Штула и Маскаф Ам и „група израелски непријателски сили во касарната Шомера“, прецизираше Хезболах.

Портпарол на израелската болница „Рамбам“ изјави за Си-Ен-Ен дека имало „инцидент“ во северниот дел на земјата, но рече дека не може да коментира за бројот на лица примени на лекување.

Болницата „Рамбам“ е главната медицинска установа во северен Израел и клучна локација за лекување на ранетите војници во тој регион.

Си-Ен-Ен побара коментар од израелската војска, која наведе дека не може ниту да ги потврди ниту да ги негира извештаите.

Хезболах наведе дека постигнале неколку „директни“ и „прецизни“ удари. 

Хезболах утринава излезе со соопштение дека нивните борци го одбиле обидот на израелските сили да влезат во либанскиот град Адаисе.сд/

фото:МИА архива

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан