• понеделник, 16 декември 2024

Хезболах тврди дека не испраќа војници во Украина

Хезболах тврди дека не испраќа војници во Украина
Бејрут, 18 март 2022 (МИА) - Лидерот на либанското движење Хезболах, Саид Хасан Насралах, ги демантираше медиумските извештаи дека испраќа борци во војната во Украина, на страната на Русија, објави либанската телевизија „Ал Мајадин“. - Никој од Хезболах, ниту борци ниту експерти, не отишол на таа арена или на која било од арените во такви војни, ги цитира „Ал Мајадин“, со седиште во Бејрут, неговите зборови. Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин даде зелено светло на речиси 16.000 доброволци од Блискиот Исток да се борат на страната на проруските бунтовници во Украина, објавија западни медиуми. гт/

Остани поврзан