• вторник, 21 април 2026

Хезболах: Претседателот на Либан треба да се повлече од преговорите со Израел

Хезболах: Претседателот на Либан треба да се повлече од преговорите со Израел

Бејрут, 20 април 2026 (МИА) – Претставникот на Хезболах, Хасан Фадалах изјави дека претседателот на Либан, Жозеф Аун треба да се повлече од преговорите со Израел.

- Во интерес на државата е претседателот на републиката и на владата да се повлечат од директните преговори и да се вратат на националниот консензус за најдобра опција за Либан - посочи Фадалах.

Тој потенцира дека Хезболах сака „да продолжи примирјето“, но со повлекување на израелската армија.

- Ќе се спротивставиме на секој обид за наметнување политички трошоци врз Либан преку отстапки кон израелскиот непријател - наведе Фадалах.

Аун претходно изјави дека одлучил да преговара со Израел за да го спаси Либан.

- Либан се соочува со два избора – продолжување на војната со сите хуманитарни, економски и политички последици или преговори кои ви довеле до завршување на судирот и воспоставување на стабилност. Избрав преговори и се надевам дека ќе успееме да го спасиме Либан – посочи Аун.

Тој посочи дека целта на разговорите со Либан е завршување на непријателствата, повлекување на израелските сили и распоредување на либанската армија долж меѓународно признаената граница помеѓу двете држави. ми/ссм/

фото: МИА архива

Остани поврзан