Хезболах повтори дека нема да го предаде оружјето додека Израел не се повлече од јужен Либан
- Официјалниот претставник на Хезболах, Вафик Сафа, денеска изјави дека милитантната група поддржана од Иран категорично одбива да разговара за предавање на оружјето на либанската армија доколку Израел целосно не се повлече од јужен Либан и не ја прекине својата „агресија“.

Бејрут, 18 април 2025 (МИА) – Официјалниот претставник на Хезболах, Вафик Сафа, денеска изјави дека милитантната група поддржана од Иран категорично одбива да разговара за предавање на оружјето на либанската армија доколку Израел целосно не се повлече од јужен Либан и не ја прекине својата „агресија“.
- Не станува збор за разоружување. Она што го кажа претседателот (на Либан Џозеф Аун) во својот инаугуративен говор е одбранбена стратегија, рече Сафа во интервју за радио станицата Ал Нор на Хезболах, пренесе Ал Џезира.
Сафа рече дека Хезболах му ја пренел својата позиција на Аун, кој во вторникот рече дека сака 2025 година да биде година во која само државата има оружје во Либан. јт/
Фото: МИА архива