• среда, 02 октомври 2024

Хезболах: Никаква израелска војска не е влезена на либанска територија

Хезболах: Никаква израелска војска не е влезена на либанска територија

Бејрут, 1 октомври 2024 (МИА) - Шефот на канцеларијата за медиуми на Хезболах, Мохамед Афиф, денеска изјави дека ниту една израелска војска не навлегла на либанска територија и предупреди дека нападите на групата врз Тел Авив неколку часа претходно биле „само почеток“.

Афиф во писмена изјава за Ројтерс рече дека Хезболах не учествувал во „директни копнени судири“ со израелските војници, но дека ќе биде подготвен да го стори тоа.

Претходно денеска Хезболах ја презеде одговорноста за ракетниот напад врз централен Израел, велејќи дека лансирал ракети „Фади-4“ во базата Глилот, во близина на Херцлија, каде се наоѓа армиската единица 8200 и штабот на израелската разузнавачка агенција Мосад.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан