• сабота, 21 декември 2024

Хезболах лансирал ракета кон Тел Авив, ИДФ го уништиле фрлачот на територија на Либан

Хезболах лансирал ракета кон Тел Авив, ИДФ го уништиле фрлачот на територија на Либан

Тел Авив, 25 септември 2024 (МИА) – Сирени за предупредување денеска се огласија во Тел Авив, откако системите за противвоздушна одбрана пресретнаа ракета земја-земја откако било откриено дека преминува од Либан, соопшти израелската војска.

Нема извештаи за штети или жртви, а војската соопшти дека нема промени во упатствата за цивилна одбрана за централен Израел.

Сирени за предупредување се огласија и во други области на централен Израел, вклучувајќи го и градот Нетанја.

Израелските безбедносни сили потоа соопштија дека по лансирањето на ракета земја-земја од Хезболах кон централен Израел, израелските воздушни сили го погодилe фрлачот од кој беше истрелан проектилот во либанската област Нафахије.

Либанското движење Хезболах, поддржано од Иран, истрела стотици проектили и ракети врз Израел во последните денови, во нагло интензивирање на повеќемесечниот конфликт преку границата со јужен Либан.

Израелската војска неделава ги изврши своите најтешки воздушни напади во војната, гаѓајќи ги лидерите на Хезболах и погоди стотици цели длабоко во Либан, при што загинаа повеќе од 500 луѓе, а беа ранети повеќе од 1.800.

Во напад на Бејрут вчера беше убиен високиот командант на Хезболах, Ибрахим Кубаиси, кој ги предводеше ракетните сили на групата. јт/

Остани поврзан