• вторник, 24 декември 2024

Хачанов прв финалист на тенискиот олимписки турнир

Хачанов прв финалист на тенискиот олимписки турнир
Токио, 30 јули 2021 (МИА) – Рускиот тенисер Карен Хачанов денес го победи Шпанецот Пабло Карено-Буста во полуфиналето во машка конкуренција на Олимпијадата во Токио. Средбата траеше 1 час и 20 минути. Двата сета Хачанов ги доби со по 6:3. Во финалето на Олимписките игри, Хачанов ќе се сретне со победникот од дуелот Александар Зверев (Германија) - Новак Ѓоковиќ (Србија). Хачанов е 12. фаворит на Игрите, Карено-Буста беше шести, Зверев е петти, додека Ѓоковиќ е прв носител. зс/

Остани поврзан