• петок, 19 јули 2024

Хасани: Условите на Курти во дијалогот се само за внатрешно-политичка употреба

Хасани: Условите на Курти во дијалогот се само за внатрешно-политичка употреба

Приштина, 6 јули 2024 (МИА) - Професорот по меѓународно право и  односи, Енвер Хасани, изјави дека трите услови што косовскиот премиер Албин Курти ги изнел на последната средба со претставниците на Европската унија во дијалогот со Србија се фиктивни и дека постојат само за внатрешна политичка потреба.

Поранешниот претседател на Уставниот суд во интервју за „КосоваПрес“ изјави дека бриселскиот Основен договор (за патот кон нормализација на односите) и Охридскиот анекс носат нови неповолни обврски за Косово, бидејќи на северот се создава автономија за Србите, како и екстериторијалност за Српската православна црква во Косово.

Тој додаде дека потпишувањето на договорот не значи ништо во ставовите на меѓународните претставници, кои јасно кажале дека тоа сега е „меѓународна обврска на Косово и Србија“.

Тој посочи дека ниту писмото на поранешната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ, упатено до ЕУ не ја утврдува законитоста и обврските за спроведување на договорот.

Хасани, исто така, за нереално го смета барањето за екстрадиција во Приштина на „одговорниот за терористичкиот напад во Бањска, Милан Радоичиќ“, а Курти го критикува за исклучувањето на де јуре и де факто признавањето на Косово со Бриселскиот договор и Охридскиот анекс, што се однесува до согласувањето да се влезе во процесот на дијалог, кој можеби никогаш нема да заврши.

Тој оцени дека нацрт-статутот на ЕУ за Заедницата на општините со српско мнозинство создава автономија на северот.

Исто така, нестабилни се изјавите на властите дека ЗСО не може да се одвои од Основниот договор, бидејќи смета дека премиерот Курти го прифатил членот од анексот од Охрид, каде што се вели дека партиите не го диктираат редоследот на спроведување на договорот, туку ЕУ го диктира.

Според Хасани, на нацрт-статутот на ЗСО, што го подготви ЕУ, не му треба ни потпис и печат, а не е ни нон пејпер, како што смета Курти.сд/

фото:Фејсбук

Остани поврзан