• среда, 25 декември 2024

Харт на лето става крај на голманската кариера

Харт на лето става крај на голманската кариера

 

Глазгов, 22 февруари 2024 (МИА) – Англискиот фудбалски голман Џо Харт ќе ја заврши кариерата на крајот на оваа сезона, објави вечерва неговиот клуб Селтик.

Поранешниот голман на англиската репрезентација и на Манчестер сити ќе биде на 37-годишна возраст кога неговиот договор со шкотскиот клуб ќе истече на лето.

Харт ја почна сениорската кариера во април 2004 година во нисколигашот Шрузбери, а настапуваше и за Барнли и Тотенхем, Транмере, Блекпул, Бирмингем, Торино и Вест Хем. Одигра речиси 700 натпревари.

„Џо имаше феноменална кариера и знам дека многу ќе му недостасува на фудбалот кога ќе се повлече на лето, За сè што направи Џо заслужува големи пофалби и честитки, беше брилијантен во Селтик и бранеше на највисоко ниво, на домашен и меѓународен план“, рече тренерот на Селтик, Брендон Роџерс во изјава за клупскиот сајт.

Харт за англиската репрезентација настапи на 75 натпревари. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан