• петок, 25 октомври 2024

Харден разочаран по поразот на Клиперс во новата арена

Харден разочаран по поразот на Клиперс во новата арена

Лос Анџелес, 24 октомври 2024 (МИА) - Џејмс Харден е разочаран од пропуштената победа во првиот натпревар во новата арена на Лос Анџелес клиперс.

Ноќеска Клиперс загубија од Феникс санс по продолжение (113:116).

Натпреварот се одигра во новата арена на клубот „Интуит Доме“. Клиперси во најголемиот дел од мечот беа во водство, но на крајот не успеаја да победат.

- Толку сум разочаран што не ја добивме победата. Историски меч во Инглвуд, навивачите ги наполнија трибините и беа одлични, тие го направија своето, мора да се покажеме и ние, изјави Харден.

Тој беше најефикасен кошаркар на средбата, постигнувајќи 29 поени, 12 скока и осум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан