• среда, 25 декември 2024

Харадинај: Постои сомнеж дека Курти сака да го подели Косово за да го избегне формирењето на ЗСО

Харадинај: Постои сомнеж дека Курти сака да го подели Косово за да го избегне формирењето на ЗСО

Приштина, 6 јуни 2023 (МИА) - Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти е „заљубен во планот за поделба на Косово“.

-Курти мора да има мака кога сака да поттикне војна, или тоа може да биде фактот дека се заљубил во планот за поделба на Косово. Постои сомнеж дека Курти, за да го избегне формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, ќе го подели Косово, изјави Харадинај за РТВ Дукаџини.

Тој додаде дека ниту политичарите ниту криминалните банди не можат да го поделат северот.

Тој додаде дека во однос на поделбата на Косово, северот не може да го делат политичарите, тоа е прашање на безбедноста, никој, ниту криминалните банди, не успеале да го поделат.сд/

 

Остани поврзан