• среда, 27 ноември 2024

Харадинај: Оваа Влада не ја разбира штетата што ја нанесува на Косово со својот фалбаџиски однос

Харадинај: Оваа Влада не ја разбира штетата што ја нанесува на Косово со својот фалбаџиски однос

Приштина, 17 октомври 2023 (МИА) – Шефот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер, Рамуш Харадинај вели дека експонентите на владата на Албин Курти ја искалкулирале во гласови акцијата од 24 септември, по нападот на вооружената српска група во Бањска во северно Косово, иако тој ден животот го загуби косовски полицаец, јави дописникот на МИА од Приштина,

Харадинај на својата страница на Фејсбук напиша дека Косово се претвори во безбедносен проблем, додека владата на Курти се фали како процентуално ѝ расте поддршката.

- Фалењето на експонентите на Владата на Курти и нивната заблуда дека по 24 септември процентуално се зголемиле, покажува во колку лоша состојба е Косово и какви калкуланти се тие. Овие луѓе забораваат дека херој е убиен во акција за ред и закон, а Косово стана безбедносен проблем и бесрамно се фалат како процентуално се зголемиле, вели Харадинај.

Според опозицискиот лидер, ваквиот фалбаџиски пристап на владата на Курти му нанесува штета на Косово.

- Овие луѓе забораваат дека Косово пред многу години се чувствуваше безбедно, и врз основа на тој факт, Германија и Обединетото Кралство ги повлекоа своите војници во рамките на КФОР, додека сега се принудени да се вратат. Овие луѓе не ја разбираат штетата што му ја нанесуваат на Косово со нивниот фалбаџиски однос и непознаниците кои следат кога прашањето на внатрешна безбедност ќе се претвори во прашање на меѓународна безбедност, напиша Харадинај.иа/сд/

Остани поврзан