Хамилтон ја освои ГН на Велика Британија, негова 104 победа во Формула 1
- Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија и ја забележа својата 104. победа во кариерата.

Силверстоун, 7 јули 2024 (МИА) – Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон од Мерцедес победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Велика Британија и ја забележа својата 104. победа во кариерата.
За британскиот возач ова беше прв триумф во Формула 1 по трката во Саудиска Арабија во 2021 година.
Второто место го зазеде актуелниот светски првак Макс Ферстапен (Ред Бул) со заостанување од 1,4 секунди, а трет Ландо Норис од Мекларен со заостанување од 7,5 секунди.
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој стартуваше од пол-позицијата, не ја заврши трката поради проблеми со својот болид.
Следната трка ќе се вози на 21 јули за Големата награда на Унгарија на патеката Хунгароринг. ег ФОТО: Фејсбук