• понеделник, 26 август 2024

Хамилтон по шести пат победник на „Каталуња“

Хамилтон по шести пат победник на „Каталуња“
Барселона, 9 мај 2021 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Шпанија. Британецот по шести пат победи на патеката „Каталуња“ крај Барселона. Втор беше возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, додека трет на целта стигна вториот возач на Мерцедес - Валтери Ботас. Бодови на четвртата трка во тековната сезона освоија и: Шарл Леклер (Ферари), Серхио Перез (Ред Бул), Даниел Рикиардо (Мекларен), Карлос Саинц (Ферари), Ландо Норис (Мекларен), Естебан Окон (Алпин) и Пјер Гасли (АлфаТаури). По четири трки, лидер во Генералниот поредок е Хамилтон со 94 бодови, пред Верстапен со 80 и Ботас со 47. Кај конструкторите, води Мерцедессо 141 бод, пред Ред Бул со 112. зс/

Остани поврзан