Хамас: Седумдесет загинати во израелски воздушен напад врз евакуирани
- Седумдесет луѓе загинаа, а 200 се повредени во израелските воздушни напади додека бегаа кон јужниот дел на Газа, соопшти Хамас.
Тел Авив, 13 октомври 2023 (МИА) - Седумдесет луѓе загинаа, а 200 се повредени во израелските воздушни напади додека бегаа кон јужниот дел на Газа, соопшти Хамас.
-Повеќето од загинатите се деца и жени, изјави портпаролот на исламистичката организација, додавајќи дека три конвои бегалци биле погодени во „масакар“.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно ги повикаа жителите на градот Газа да ги напуштат своите домови и да се преселат на југ до 20 часот.
Обединетите нации го повикаа Израел да ја укине наредбата за евакуација, предупредувајќи дека присилното движење на стотици илјади луѓе од палестинската територија може да предизвика „хуманитарна катастрофа“.
Хамас, класифициран како терористичка организација од САД, ЕУ и Израел, со своите напади во пограничната област ја нанесе најголемата масовна загуба на цивилни животи во историјата на израелската држава. мс/
фото: МИА архива